-->
-->
Алексовски: Секогаш е убаво кога играме пред свои навивачи
-->

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година денеска игра контролен натпревар против Бугарија на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Селекторот на оваа репрезентација Благоја Милевски на располагање ги има играчите кои изборија пласман и ќе бидат дел од Европското првенство во Полска. Ова воедно е последниот контролен дуел за оваа селекција, која собирот пред ЕП ќе го има на 4.јуни.
- Натпреварот против Бугарија е добра можност да се продолжи серијата успешни резултати. Европското првенство е се поблиску, притисокот е поголем, но не бегаме од одговрноста. Секогаш е убаво чувството кога играме пред своите навивачи, тоа за нас секогаш е поттик повеќе. За нас е важно да ги почитуваме насоките од стручниот штаб и се надевам дека ќе бидеме на висина на задачата, изјави голманот Игор Алексовски.
Играчот од средината на теренот Бобан Николов, на дуелот со Лихтенштајн во петокот во Вадуц го носеше дресот на А репрезентацијата и беше стрелец на првиот гол.
- Одиме на победа, ние сме меѓу најдобрите 12 репрезентации во Европа и повтороно ќе се обидеме да ја покажеме нашата вредност. Го оставаме зад нас натпреварот против Лихтенштајн и се фокусираме на Бугарија. Се надевам дека и публиката ќе не бодри како и досега и ќе биде наш играч повеќе, изјави Николов.
Почетокот на натпреварот Македонија – Бугарија е во 14 часот кога почнува и преносот на СИТЕЛ 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мареска: Палмер е добро и подготвен за игра
-

Приведени две лица од Скопје, при претрес на нивниот дом пронајдена е дрога и дигитална вага | ВИДЕО
-

Камбоџа: Тајланд продолжува со бомбардирање и покрај повикот на Трамп за прекин на огнот
-

Божиновска - Хандановиќ-Ѓуровиќ: Интерконекторот Македонија - Србија оди напред со забрзано темпо
-

Италија, Бугарија и Малта се придружија на барањата на Белгија за алтернативни опции за помош на Украина
-

Најстудено на Попова Шапка
-

На „Криволак“ ќе бидат уништени минско-експлозивни средства запленети пред 15 години
-

Сончево со минусни утрински температури, а преку ден до 15 степени
