-->
-->
Алфано: ЕУ да ја потврди својата поддршка за Балканот
-->
Шефот на италијанската дипломатија Анџелино Алфано денеска апелираше до Европска унија да испрати силна порака до земјите на Западен Балкан со цел да им помогне во борбата против националистичката реторика на поединечни лидери во регионот.
Алфанo изјавата ја даде во Тирана, каде допатува од Белград во рамките за подготовките за самитот на некои земји-членки на Европска унија и Западен Балкан во Трст на 12 јули.
- Поради такви ситуации, ЕУ би требало да ја потврди својата улога како главен партнер во регионот и да испрати силна и конкретна порака за соработка и посветеност на сите земји од Западен Балкан, наведе Алфано.
Тој додаде дека балканските земји и Европа би имале корист од соработката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изгоре куќа во село Иловица, струмичко
-
Продолжува судскиот процес со родилката од Дебар, ќе се презентира супер вештачењето
-
РСБСП со кампања за Св. Трифун, апелира - вози безбедно, вози со љубов
-
Во Хрватска денеска бојкот на пекарници и пекарски производи, од утре бојкот на нов трговски синџир
-
Утрово најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-
Стопанската комора на трговци на големо и мало на средба со министерот за економија
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Минхенската безбедносна конференција
-
14 февруари: Вepувањата зад Св. Трифун и Св. Валентин