„Али Баба“: За девет часа на „Денот на самецот“ направен промет од 23 милијарди долари
„Денот на самецот“ што како пандан на американските „Црн петок“ и „Сајбер понеделник“ пред десетина години го промовираше кинеската компанија „Али Баба“, веќе е празник за љубителите на он-лајн купувањето. Денешпната продажба, само во првите девет часа, е скокната за 25 отсто и за тоа време е купена стока во вредност од 23 милијарди долари, наведе „Али Баба“ .
Овие податоци се речиси една третина од вредноста што американскиот ривал „Амазон“ ја остварил во последниот квартал, пренесуваат британските медиуми.
„Денот на самецот“ стана можност за заработка на компанијата „Али баба“ (Alibaba Group Holding Ltd), која планира да продаде акции во вредност од 15 милијарди долари во Хонг Конг.
Компанијата, која веќе излезе на американскиот пазар, многу вложи за да биде присутна во повеќе сфери, но и натаму 80 отсто од заработувачката остварува од е-трговија.
„Денот на самецот“, како кинески пандан на „Црниот петок“ и „Сајбер понеделеникот“ во 2009 година беше промовиран како „шопинг фестивал“ од страна на извршниот директор на „ Али Баба“, Даниел Чанг.
Оттогаш тој израсна во еден од најголемите настани во е-трговијата и празник за љубителите на онлајн купувањето.
Често нарекуван и „ Двојна единаесеттка“ името на фестивалот доаѓа од календарскиот датум што го сочинуваат четири единици (11/11) што ги симболизира луѓето кои живеат сами.
Ново на Сител
-

Наместо да свика итна седница за мерки, Владата се шета во Брисел на прослави, вели Филипче
-

Владата веднаш да преземе мерки против растечките цени на нафтата
-

Нова фаза од војната на Блискиот Исток - Напади врз енергетската инфраструктура
-

Филипче: Нема да дозволам некој да не дели
-

Посебен влез за непушачи во кафеани – новини во предлог законот за заштита од пушење
-

Интервјуа за член на Антикорупциска
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, ама никој не ја пријавува
-

Депонијата кај Прилеп гори 3 дена, причина човечки фактор, се очекува целосно гаснење денес
