Алијанса на Албанците: Граѓаните в недела да го изразат својот суверенитет
Вториот круг од претседателските избори се одвива без конкретна понуда за граѓаните, оцени вечерва Алијансата на Албанците на состанок на Централното претседателство на партијата.
– Партијата го повторува ставот искажан за време на изборната кампања дека нејзините приврзаници не ги сметаат за сопственост и плен во функција на тесните интереси на одделни поединци. Секој глас за нас го зајакнува нашето партнерство со вас за градење, заживување и зајакнување на политичката платформа на Алијансата на Албанците во функција на уставната и социо-економската еднаквост на Албанците во Северна Македонија. Нашата поддршка беше за проф. Блерим Река. Цениме дека ја добивме поддршка на апсолутно мнозинство Албанци во Северна Македонија. Главниот непријател на концептот и стручната подготовка на професорот Река беше предрасудата, стои во соопштението на Алијансата на Албанците
Според нив во фокусот на кампањата на двајцата кандидати не е држава за сите, туку држава и власт на македонска партија или поединец кој што во минатото и сегашноста повеќе ги дискриминирал или вршел насилство врз Албанците.
-Апелираме до двајцата кандидати да запрат со оваа валкана кампања на подобар или полош џелат и итно да престнат да ги емитуваат овие рекламни спотови. Наместо нивно емитување, јавно нека им се извинат на Албанците и да дадат гаранции дека тие никогаш нема да се повторат, истакнуваат во соопштението.
Од Алијансата велат дека граѓаните се суверен и нивен партнер во градењето на достоинствен живот и затоа апелираат да го изразат својот суверенитет во недел
Ново на Сител
-
Вучиќ и ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова
-
Евроамбасадорот Гир ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски
-
Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите
-
Битиќи соопшти дека поднесува оставка од функцијата потпретседател на СДСМ
-
Претседателката на ДОМ поднесе оставка
-
Орбан честита на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска-Давкова
-
Гордана Силјановска Давкова победи на претседателските избори