Македонија
26. November 2019 - 11:37

Алијанса за Албанците: Денес сме со Албанија се молиме оваа природна катастрофа никогаш да не се повтори

Денес не е вообичаено утро. Се разбудивме со веста за катастрофата која не ја очекувавме, живеејќи го денот со надеж дека последиците ќе бидат минимални.

Ние сме со вас, заедно ја споделуваме тагата за загубените животи со вас.

И додека се утешуваме еден со друг, ќе најдеме сила да продолжиме понатаму, да градиме надеж, живот, Албанија!

Денес сме со Албанија се молиме оваа природна катастрофа никогаш да не се повтори. Како политички субјект, се солидаризираме и стоиме на располагање да ја дадеме нашата помош таму каде што е потребно.

Со оглед на тоа, ја покануваме Владата на Република Македонија итно да одржи вонреден состанок и да и помогне на Албанија како добра соседна земја. Да се наредат надлежните тела како Дирекцијата за Управување со Кризи, противпожарните бригади да бидат ставени на располагање на подрачјата погодени од земјотресот во Албанија.

Исто така, бараме од Министерството за Здравство да придонесе со лекови и тимови за медицинска логистика, да организира кампања за дарување крв. Во исто време да се ангажираат јавни и приватни амбулантни возила да бидат целосно подготвени за повредените од земјотресот кој предизвика голема болка и тага.

Алијансата за Албанците уште еднаш искажува искрено сочувство за изгубените животи во оваа природна несреќа, со надеж дека бројот на жртви нема да се зголеми, а на повредените им посакуваме брзо оздравување!