Алијанса за Албанците: Сведоци сме дека судството и политиката се во заемна соработка
Специјалното јавно обвинителство беше последната надеж во државата дека еднаш засекогаш ќе почне судството да се дели од политиката и ќе биде професионално тело кое ќе постапува според законите и Уставот во насока на разрешување на крупните криминални процеси. За жал, со последниот скандал сите сме сведоци дека судството и политиката се во заемна соработка и тоа го нарушува и угледот на државата во меѓународната заедница, изјави денеска Елми Азири од Алијансата за Албанците денеска на прес-конференција.
Азири прашува зошто процесите што биле дел од СЈО, како „Пациент“, „Маџар Телеком“, „Титаник 2“ не се процесуирани досега и дали тука има вмешаност и политиката.
– Ние сметаме дека овој скандал овие последни случувања имаат огромни политички реперкусии што се однесува до политичкиот живот во Македонија и се гледа дека на некој начин државата влегува во огромна политичка криза и секој ден што поминува таа криза се повеќе се продлабочува, вели Азири.
Од Алијансата за Албанците сметаат дека е потребно да се свика лидерска средба на релевантни политички лидери и од власта и од опозицијата во стил на Пржинските средби и на тие средби да се дискутира за најактуелните и најчувствителните прашања што моментално се случуваат во државата, меѓу кои, како што наброја Азири, избирачкиот список, Законот за јавно обвинителство, Законот за пописот на населението, за техничката Влада и за предвремени парламентарни избори.
– Ние сме заинтесирани за што побрзо да се случат предвремени парламентарни избори, се разбира сериозно да се дискутира и да се пристапи кон предлогот на Алијансата за Албанците СЈО да има начелник, специјален јавен обвинител од земјите на Европската Унија, а зошто да не и од САД, затоа што сме сведоци дека судскиот систем во државава нема капацитет, нема слух, нема желба и нема подготвеност да се занимава и да ги процесуира најкрупните корупциски скандали во државата, посочи Азири.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг