Алиу го презентира напредокот на националниот систем за трансплантација и реализацијата на инфраструктурните инвестиции во здравството

Министерот за здравство Азир Алиу денеска пред секторската работна група за здравство во Владата, ги презентираше реформските процеси, напредокот на националниот систем за трансплантација и реализацијата на инфраструктурните инвестиции во здравствениот сектор, соопшти Министерството за здравство.
- Здравството претставува темел на стабилно, просперитетно и демократско општество. Нашата заедничка цел е да изградиме модерен, одржлив и европски здравствен систем – систем кој ќе биде ефикасен во превенцијата, навремен во дијагностиката, квалитетен во лекувањето и подеднакво достапен за сите граѓани. Продолжува тековната имплементација на ИПА II и ИПА III проектите, напредокот на националниот систем за трансплантација, како и реализацијата на инфраструктурните инвестиции во здравствениот сектор, рече министерот Алиу.
Тој посочи дека МЗо финализираше и усвои повеќе стратешки документи со долгорочно значење за јавното здравје, меѓу кои Стратегијата за ретки болести, како прв системски документ кој поставува јасни цели за дијагностика, третман и поддршка на пациентите и нивните семејства, Стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје, која го зајакнува пристапот до квалитетни, инклузивни и правично достапни услуги за сите категории население и Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението 2025–2030, кој претставува современ, превентивен и интерсекторски документ подготвен во согласност со европските стандарди и препораките на ЕК и СЗО.
На состанокот учествуваа претставници од Делегацијата на Европската Унија, Светската здравствена организација, УНИЦЕФ и Светска Банка, чија поддршка е од исклучително значење за унапредување на здравствениот систем и за негово усогласување со стандардите на Унијата.
- Ова е јасен доказ за заедничката определба за системско унапредување на здравствениот сектор и за поддршка на реформските процеси што нашата држава ги спроведува на патот кон Европската Унија, истакна Алиу.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
