Алкалоид денеска во Атина го игра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп против АЕК

Атински АЕК во 18 часот по македонско, во 19 часот по локално време, денеска го пречекува РК Алкалоид во првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп во олимписката сала „Сунел арена“, што се очекува да биде речиси целосно исполнета, но и покрај тоа, атмосферата во македонскиот тим, според тренерот Кире Лазаров е одична и со позитивно размислување ќе излезат на терен.
РК Алкалоид во петокот вечерта пристигна во грчката метропола, а ракометарите вчера го одработија својот тренинг во салата каде што ќе се одигра натпреварот.
-Полни со енергија, елан и голема желба за успех, ракометарите на РК Алкалоид ги одработија последните задачи пред натпреварот во рамки на финалето на Европскиот Куп на ЕХФ против АЕК Атина во Грција, напишаа од клубот на социјалните мрежи и објавија видео од последните подготовки.
Тренерот на домаќините Фредерик Бужан во изјава за официјалниот сајт на АЕК во четвртокот рече дека со сериозност, смиреност и со многу концентрација ги водат подготовките, дека ќе се соочат со, како што рече, „многу квалитетен противник“, а паралелно ги повика навивачите да дадат поддршка и „да доживеат уникатно искуство“ и неверојатни моменти за ракометот.
Натпреварот предизвика голем интерес кај љубителите на ракометот во Грција, а пред сè кај навивачите на АЕК, во изминатите денови беа отворени дополнителни блокови од трибините и пуштени во продажба дополнителни билети, а според последните информации, финалето се очекува да го следат 8.000 гледачи, во салата со капацитет да прими 9.000 лица.
Тренерот Лазаров, во вчерашниот разговор со дописничката на МИА од Атина, го коментираше и играњето на гостински терен и дали и колку тоа влијае врз психологијата на ракометарите на Алкалоид.
-Видете, ние доста време потрошивме на таа подготовка, особено кога се работи за гостински терен и гостински навивачи. Во нашето првенство имаме секоја недела едно такво искуство. Нашата лига од година во година е поквалитетна и поинтересна и каде и да игра Алкалоид играме пред полна сала, пред гостински навивачи со млад тим, така да мислам дека, да предност е за АЕК во една рака, во друга рака ние веќе година две настапуваме во полни сали во Битола, пред полни сали во Јане Сандански со Комитите, со Чкембарите, полни сали во Охрид, кои се противници во нашето првенство, исто така и во Кавадарци. Мислам дека за нашите играчи, ќе има, да, во некоја одредена мерка влијание, но нема тоа да биде одлучувачко, истакна тренерот на РК Алкалоид.
Реваншот на историско финале за Алкалоид, ќе се одигра за една седмица во Скопје, во салата „Борис Трајковски“.
Ново на Сител
-

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
-

На ГП „Блато" приведен државјанин на Албанија, баран со меѓународна потерница
-

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување
-

Мицкоски и Пленковиќ потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји
