„Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби, консолидираната нето добивка и 95 нови вработувања во 2016
„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – јуни 2016 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.
Во периодот јануари – јуни, соопштија од „Алкалоид АД“ Скопје, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 4.197 милиони денари, што е за 4 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 5 отсто. Зголемување од 8 отсто е забележано и кај добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 598 милиони денари, додека нето консолидираната добивка од 326 милиони денари е зголемена исто така за 8 отсто, покажува консолидираниот Биланс на успех.
Според единечниот Биланс на успех, пак, во периодот јануари – јуни, продажбите достигнуваат 3.244 милиони денари, што е за 6 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 583 милиони денари, бележи зголемување од околу 9 отсто, додека нето добивката е зголемена исто така за 9 отсто.
Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари - јуни 2016 година изнесуваат 344.331 илјади денари.
Во периодот јануари - јуни 2016 година во Алкалоид се реализирани 95 нови вработувања во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Истрагата за Димитровска е силен удар за угледот на Антикорупциска, велат познавачите
-
Tема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Меѓународна конференција на Алкалоид за меѓународниот патент - „Омепразол“ во течна форма
-
Претседателката на Антикорупциска не доаѓа на работа
-
Вооружена престрелка на Бит Пазар - едно лице тешко повредено
-
Филипче не е изненаден од превирањата во Вреди и Владата
-
Средба Муцунски – Ибрахимовиќ : Успехот на било која земја од регионот е добра вест за сите
-
Подготовките за локалните избори во полн ек