Тенис
2. August 2024 - 9:22

Алкараз го победи Пол и се пласираше во полуфиналето на Олимпијадата во 2024 година

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз попладнево го победи Американецот Томи Пол во четвртфиналето на Олимпијадата 2024 година со резултат 6:3, 7:6 (9:7).

Средбата траеше 2 часа и 1 минута. 

Дваесет и едногодишниот Шпанец имаше 6 асови, 2 двојни грешки и 2 конвертирани брејк топки од 5.

Во полуфиналето Алкараз ќе се сретне со победникот од мечот меѓу Каспер Руд (Норвешка) и Феликс Оже-Алиасим (Канада).