Алонсо: Не се плашам од нашиот прв пораз, поважна е реакцијата по него
Лидерот во Бундеслигата, Баер Леверкузен беше на неколку минути до завршување на серијата без пораз, но тренерот Чаби Алонсо изјави дека евентуален пораз не го плаши. Многу поважно за него е како ќе реагира тимот кога конечно ќе се случи тоа.
Со вчерашното реми 2:2 како гостин на Карабак (Азербејџан) на турнирот во Лига Европа, Баер Леверкузен има серија од 35 натпревари без пораз во сите натпреварувања. Голот на Патрик Шик беше решавачки за продолжување на серијата. Чехот влезе како замена и со глава реализираше по центаршутот на Роберт Андрич во судиското надополнување.
Германците заостануваа со 0:2 по првото полувреме и не само тоа, туку и до 20 минути пред крајот. Флоријан Вирц намали со прекрасен финиш, испраќајќи ја топката под пречката.
Но, на прашањето колку мисли дека тој и неговите играчи се блиску до нивниот прв пораз сезонава, Алонсо рече: „Ако сум искрен, не сум премногу исплашен од нашиот можен прв пораз. Тоа ќе дојде во одреден момент. тоа ќе се случи. Нема како да не биде, затоа што ова е фудбал. Не сум загрижен за овој факт“.
Многу е поважен, според него, моментот, расположението, динамиката, енергијата внатре во соблекувалната да бидат добри.
- И се надевам дека тоа нема да се промени со поразот што ќе го забележиме во одреден момент. Се разбира, важно и како ќе реагираме, како ќе продолжиме после тоа, додаде Шпанецот.
Баер Леверкузен, кој ги пречекува Азербејџанците на 14 март на својот стадион, има 10 бода предност на врвот во Бундеслигата на 10 кола до крајот. Следниот нивен меч во лигата им е во недела кога му гостуваат на Волфсбург.
Ново на Сител
-
Силно невреме ја зафати Хрватска | ВИДЕО
-
Скопјани нападнале и ограбиле маж на Камени мост
-
52 годишен скопјанец со пиштол и нож ограбил продавница, при бегање паднал и завршил во болница
-
Кривична пријава за родители од Штип - Ги заклучиле децата во автомобил и отишле во казино
-
Полицаец и германски политичар избодени со нож сред плоштад во Мајнхајм, Германија | ВИДЕО
-
Пад од 1,2 проценти на индустриското производство во април
-
Поскапени поштенските и курирските услуги
-
Хоспитализирани нови четири лица со голема кашлица, вкупно 661 случај во државава