Алтмаjер: Нема апсолутна безбедност без апсолутно надгледување на граѓаните
Шефот на кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, Петер Алтмаjер во изјава за јавниот телевизиски сервис АРД потсети дека на вчерашен ден пред пет години се случи ужасниот масакр во Норвешка кога млади луѓе беа убиени од норвешки граѓанин.
Запрашан дали нападот во Минхен можел да биде спречен, Алтмаjер изјави дека „можете да имате апсолутна безбедност само во апсолутно нагледувана земја, но тоа не го сака никој“
- Тоа би било споротивно на нашиот слободен западен начин на живот, рече Алтмајер.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Алтмајер, кој е еден од најблиските соработници на Меркел, вели дека вечерва станало јасно дека опасноста од слични напади ќе остане и натаму и затоа е важно на безбедносните служби да им се дадат потребните и нструменти за справување со вакви предизвици.
Алтмаjер ја инфомираше јавноста дека канцеларката Меркел е редовно брифирана за состојбатa во Минхен и дека владата ги испратила елитните антитерористики сили во Баварија.
- Се што во моментов може да се каже пред јавноста е дека се работи за суров и нечовечки напад, вели Алтмаjер, според кого не може да се исклучи дека постојат врски со тероризам, кои се истражуваат од страна на службите.
Ново на Сител
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден
-
Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми
-
Пријавена кражба на документација и компјутерска опрема од канцеларијата на УВМК во Прилеп
-
Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција