Loading Video...
Ракомет
14. October 2019 - 19:46

Алушовски: И покрај падот во вториот дел успеавме да победиме

Ракометарите на Еурофарм Работник во дуелот со финскиот Кокс ја забележаа првата победа во Лигата на шампионите.

Ова е момент кој може да испише нова историја во битолските редови доколку во клубот се продолжи да се инвестира во наредните години.

Првиот стратег на „фармацевтите“ Стевче Алушовски на прес конференцијата не го криеше задоволството од победата но како клучен момент ја потенцираше среќата што ја имаше неговиот кој успеа брзо да го прокоцка водството од првото полувреме. На крајот сепак победа од 31-30.