Алушовски: Мора да извлечеме поука од овој пораз

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер претрпе нов пораз во групата од Лигата на шампионите откако синоќа Висла славеше во Битола со 28:25. Ова воедно беше и прв натпревар европски за новиот тренер на битолчани и македонската ракометна легенда Стевче Алушовски.
– Не го отворивме дуелот како што сакаавме и не одигравме дел од она што се договаравме. Хендикеп е дека малку време сме заедно, се обидовме да покажеме добар карактер и прилично сум задоволен од враќањето на само еден гол-разлика. Некои делови во нашата игра не одговараа на нивото на Лигата на шампионите, а не ни одеа во прилог ниту уморот на репрезентативците и неколкуте повреди што ги имаме. Треба да извлечеме поука од денешниот меч и да продолжиме со макотрпната работа. Не сум незадоволен од одбраната, а немавме ниту идеја во нападот. Ќе мораме да реагираме брзо и да се подобруваме во ôд. Јас сум оптимист, со ваков карактер, иако прикажаното не беше доволно за успех, изјави Алушовски.
За Еурофарм Пелистер во следното коло од Лигата на шампионите следува гостувањето кај ГОГ, а битолчани веќе попладнево имаат и натпревар против МРК Куманово од домашното првенство.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Филипче е исплашен од исказите на Груби, многу луѓе се загрижени во овој момент
-

Мицкоски: Работиме на случаите со илегална дрога, ќе ја исчистиме државата од политичките криминалци
-

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни
-

Муцунски: Мораме да најдеме решение на предизвикот со Бугарија, но во рамки на нашите принципиелни позиции
-

Брза интервенција на ДПД-Пехчево спречи поголем пожар кај село Црник
-

Радман: Северна Македонија е подготвена и заслужува членство во ЕУ многу брзо
-

Јаневска: Крајно време е универзитетите и општеството да склучат договор дека ќе работат во полза на младите луѓе кои ќе останат да ја развиваат оваа држава
-

Фонд на ПИОМ: Управниот одбор ја усвои Завршната сметка на Фондот за 2025 година
