Амал и Џорџ Клуни ќе ги избегнуваат сите опасни земји

Откако актерот Џорџ Клуни (55) и адвокатката за човекови права Амал Клуни (38) чекаат близнаци, двојката е многу внимателна.
Актерот, кој е познат по својот политички активизам и неговата сопруга, адвокат за човекови права, одлучија засега да живеат повнимателен животот, поради што Клуни најави дека нема да патуваат во опасни земји.
- Сопругата повеќе нема да патува во Ирак, а јас ги бојкотирам Јужен Судан и Конго, рече холивудскиот актер.
Тој додаде, дека тие земји се опасни по живот, а ќе ги избегнуваат и оние каде не се добродојдени.
Клуни неодамна ги негираше шпекулациите дека двојката чека девојче и момче.
- Не знам од каде тие шпекулации. Амал и јас се уште не ги знаеме половите на близнаците, ниту пак сакаме да знаеме, рече тој за француските медиуми.
Актерот призна дека е многу нервозен заради родителството, но и многу среќен. Новиот член нетрпеливо го очекува и мајката на актерот, Нина Клуни.
- Јас сум многу среќна поради Џорџ и Амал. Не можам да замислам двајца луѓе кои би биле подобри родители од нив, рече таа.
Ново на Сител
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
