Амандманската расправа за ребалансот на Буџетот продолжува утре
Во Собранието попладнево на седницата на Комисијата за финансирање и буџет продолжи амандманската расправа за ребалансот на буџетот за оваа година. Ова е деветти ден од амандманската расправа, која ќе продолжи утре во 11 часот.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку предложените амандмани се обидува, како што рекоа, во повеќе области да ги придвижат работите во корист на граѓаните и на стопанството. За разлика од нив владејачкото мнозинство е со став дека проектираната калкулација ќе обезбеди инвестициски циклус и заштита на стандардот на граѓаните.
Членовите на Комисијата денеска разгледаа 50 амандмани, но ниту еден не беше прифатен. Амандманите најмногу се однесуваа на земјоделството, хидросистеми, канализација и комунални мрежи.
Поднесени се вкупно 204 амандмани, од кои над 170 од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, 28 на Алијанса на Албанците и два од парламентарното мнозинство.
Согласно Деловникот за работа, амандманската расправа трае десет дена и се очекува да заврши утре.
Ново на Сител
-
Загина 22-годишно момче во тешка сообраќајка во Струмица
-
Арсовски: Сликата е од поодамна годинава, бев на одмор кај роднини сакаа да го видат син ми
-
Руската новинарка Овсјаникова обвинета за ширење лажни информации за армијата
-
Антониа Гиговска ќе пее на прослава за одбележување на Охридскиот рамковен договор организиран од МПСОЗ
-
Петрески за МИА: Ефектите од зголемувањата на каматната стапка треба допрва да се почувствуваат
-
Повреден моторциклист и сопатник малолетник од село Новак
-
Приведено лице од Битола за неовластено производство на дрога, поднесена кривична пријава
-
Бугарија објави тендер за дел од автопатот кон границата со Северна Македонија