Амбасадата на Јапонија во Скопје ја прославува 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Република Северна Македонија
Со потпишување на грант-договори во вредност од над 430 илјди евра вечерва Амбасадата на Јапонија во Скопје ја прославува 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Република Северна Македонија.
Ова е најголемата годишна сума доделена од Грант-програмата за мали проекти, а корисници ќе бидат три јавни здравствени установи, три образовни институции и три јавни комунални претпријатија од шест региони во државата.
Во областа на здравството ќе бидат реновирани Општата болница во Кавадарци и Здравствениот дом во Македонски Брод, а ќе се набават и амбулантни возила за Здравствениот дом во Велес.
Во делот на образованието планирано е реновирање на градинката „Цветови“ во општина Штип, реновирање на училиштето „Браќа Миладиновци“ во Добрушево во општина Могила, како и средства за греење во подрачното улилиште „Гоце Делчев“ во село Долни Дисан во општина Неготино.
Дел од средствата што ги доделува Јапонската амбасада ќе бидат искористени и за набавка на возила за комунални услуги за три јавни претпријатија во Валандово, Крива Паланка и Виница.
На церемонијата на потпишување присуствуваа амбасадорката на Јапонија Кеико Ханеда, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар.
По потпишувањето на договорите организиран е прием на кој е најавено обраќање на јапонската амбасадорка и министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Од 1996 година Јапонија преку Грант-програмата за мали проекти има инвестирано над 6,6 милиони евра со кои се реновирани и опремени повеќе од 66 училишта, 44 јавни здравствени установи и набавени се 27 специјализирани возила за јавните комуналните претпријатија и противпожарните служби.
Ново на Сител
-
Тухел: Белингем треба да биде малку подисциплиниран за да го достигне својот целосен потенцијал
-
Роналдо одговори за прославата на Расмус Хојлунд на дуелот од Лигата на нациите
-
Јувентус го отпушти Мота, Игор Тудор ќе го замени
-
Барселона заинтересирана за Тонали
-
Консеисао: Дојдов во Милан за да ја освојам Лигата на шампионите
-
Во Белград во сабота ќе се одржи хуманитарен концерт во споменот на загинатите во Кочани
-
ФЗОМ предупредува за сериозна фишинг измама преку лажна веб-страница
-
Украинската државна железница погодена од голем кибер напад