Амбасадорите на западните нуклеарни силио нема да присуствуваат на доделувањето на Новеловата награда за мир

Спротивно на вообичаената пракса, амбасадорите на западните нуклеарни сили годинава нема да присуствуваат на церемонијата по повод доделувањето на Нобеловата награда за мир, која ја доби Меѓународната кампања за забрана на нуклеарното оружје (ИЦАН), соопшти Нобеловиот институт.
- Тие очигледно добиле инструкции да изразат резерви кон ИЦАН и договорот за забрана на нуклеарните оружја, изјави директорот на Нобеловиот институт, Олаф Нјелстад.
Нобеловата награда за мир на 6 октомври и беше доделена на Меѓународната кампања за забрана на нуклеарното оружје (ИЦАН) - коалиција од невладини организации, која работеше на историскиот Договор за забрана на нуклеарното оружје, кој во јули го потпишаа 122 земји.
Значењето на тој документ е пред се симболично, затоа што нукеарните сили одбија да го потпишат.
Нјелстад соопшти дека само рускиот амбасадор ќе присуствува на церемонијата, додека САД, Франција и Велика Британија го известиле дека ќе пратат дипломати од втор ранг од нивните амбасади во Норвешка.
Се очекува на церемонијата, од ралични причини, да не дојдат ниту амбасадорите на Кина, Индија, Пакистан и Израел. Северна Кореја нема амбасада во Осло.
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
-

Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
-

Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”
