Македонија
12. January 2023 - 16:33

Амбасадорите со остри критики за корупцијата во земјава

Тим за санкции, високи посети од Стејт департментот, а сега уште едно потсетување од американската амбасада дека корупцијата останува проблем број 1 во земјава. Вториот човек во амбасадата Ерик Мејер, со остри критики за состојбата со корупцијата, поради која, како што потенцираше граѓаните ја губат довербата во институциите, а младите бегаат од државата. Тој им порача на функционерите дека е последен час од зборови конечно да преминат на дела.

Исти пораки доагаат и од ЕУ. Евроамбасадорот Гир ја посочи борбата корупцијата и владеењето на правото како врвни приоритети на агендата.

И шведската амбасадорка Ларсон, чија земја претседава со Унијата  потсети колку е опасна корупцијата за целиот систем, почнувајќи од демократијата па се до економијата.

Проблемот со корупцијата Брисел со години го посочува како клучен  во земјава. Со започнување на прегворите, се очекува да се зголеми притисокот. Вашингтон во април минатата година ја прошири црната листа со случаи со корупција, а се шпекулира дека на истата ќе има и нови имиња.