Амбасадорот Марковски се сретна со лидерот на МАЕИ, Стерјовски
Во македонската амбасада во Тирана, амбасадорот на Република Севарна Македонија во Република Албанија, Данчо Марковски имаше работна средба со Васил Стерјовски, лидер на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и пратеник од оваа партија во албанскиот парламент.
-На амбасадорот Марковски му го честитав превземањето на функцијата амбасадор и му посакав успех на високата дипломатска должност. На средбата разговаравме за меѓусебната соработката на Албанија и Македонија и интеграцијата на двете држави во европските структури а ги констатиравме и одличните добрососедски односи, изјави за МИА Стерјовски.
Исто така, на средбата разговарале и за положбата и правата на македонската заедница во Албанија, како и за тековните активности на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), во правец на унапредување на положбата на македонската заедница во Албанија.
– На амбасадорот Марковски му го пренесов ставот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), дека е посветена на добрососедската политика и го поддржува унапредувањето на соработката меѓу Албанија и Македонија за сите прашања од заеднички интерес како и унапредување на правата на македонското и другите малцинства во Албанија, нагласи Стерјовски.
На амбасадорот Марковски, како што вели тој, му посочил дека МАЕИ ќе продолжи да „придонесува за добрите односите меѓу Албанија и Македонија и станува мост за соработка меѓу двете нации и двете земји”.
Ново на Сител
-

ОЈО: Истрага за претседател на суд и судски администратор
-

Рокас: Има забрзување на процесот на реформите
-

Тешко повреден кумановец во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово – Скопје
-

Иран дозволи премин на кинески бродови низ Ормуска Теснина
-

12-годишно девојче под присила праќало експлицитни фотографии и видеа на малолетник
-

Уапсен охриѓанец, одзел телефон на германска туристка, нападнал полицајци и во домот поседувал дрога
-

Во деновите од викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер
-

Сиљановска-Давкова: Употребата на придавката македонски не може да се забрани
