Амбасадорот на Словенија во посета на штипската касарна

Амбасадорот на Словенија во Македонија Милан Јазбец, денеска го посети Штип и оствари средба со првите луѓе во штипската касарна „Јане Сандански“.
Јазбец, при посетата рече дека Словенија дава апсолутна поддршка на Македонија за влез во ЕУ и НАТО, а во изминатиот период се раелизирани и низа проекти од кои имаат бенефит и општините Штип и Пробиштип.
- Словенечката фирма „Искра“ овде пред две години заврши со еден голем проект, а тоа е со Филтер станиците во Штип и Пробиштип. Ваквите примери ги има безброј, како се работи меѓу двете држави и како треба да се работи и тоа може да биде порака и за останатите држави, изјави Јазбец.
Истакна дека тој е шестиот амбасадор во земјава, а Словенија и Македонија се пријателски земји, кои немаат никакви отворени прашања или проблеми.
- Замислете мојата прва посета во Македонија беше пред 35 години и тоа во Штип, каде што го отслужив мојот воен рок. Има овде една глема емотивна компонента, лична, човечна, па и политичка. Сигурно нема ниту еден амбасадор во Македонија, кој има таква врска со вашата држава. Тоа сакав да го истакнам со оваа посета. Се сретнав со моите двајца бивши команданти од оние времиња, вели Јазбец.
Амбасадорот Јазбец додаде дека се сеќава на сите свои војнички другари, а исто така и се уште ги раскажува и анегдотите од тоа време.
Ново на Сител
-

Автобус во движење изгоре на автопат кај Солун
-

Николоски: Потребно е ЕК да имплементира мерки кои ќе обезбедат непречена работа на транспортните компании
-

Млин приклучен на трафостаница копал биткоини во Бутел, сметката 260.000 евра
-

Камбовски: Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов
-

Сиљановска-Давкова на World Governments Summit 2026 во Дубаи - глобална платформа за дијалог, идеи и визии за иднината на управувањето
-

Дурмиши: Ќе поддржиме се што ќе договорат синдикатите и работодавачите за минималната плата
-

Песков: Русија нема добиено официјален став од Индија дека одбива да ѝ се испорачува руска нафта
-

Осумнаесет лица затруени со јаглерод моноксид во ресторан во италијанскиот град Варезе
