Амбасадорот Орав на „Отворен ден на ЕУ“ во Велес
Прашан за бегалската криза и затворањето на балканската рута, амбасадорот Пломп рече дека тоа е еден од приоритетите на агендата на утрешниот состанок на Европскиот совет на кој ќе се бара решение.
- Само европско решение може да биде крајно решение на овој проблем. Тие ќе се обидат прашањата да се адресираат до Сирија и да се изнајде решение за траен мир, како и да се реши проблемот со Турција во напорите да се стави крај на нерегуларната миграција, која доаѓа од Турција и продолжува во Грција и понатаму во земјите од ЕУ, посочи Пломп.
Дефинитивно, налгаси, треба да им се помогне на членките на ЕУ и на земјите кои не се членки на ЕУ, како Македонија и Србија, а кои се наоѓаат балканската рута и кои исто така се обидуваат да стават крај на нелегалната миграција која се случува преку земјите од Западен Балкан. - Придонесот кој го дава Македонија за изнаоѓање на решение на овој проблем е голем и е високо признат од ЕУ и сите земји членки на ЕУ, нагласи Пломп.
- Настанот што се случи пред неколку дена на границата на Македонија е многу жалнен и мислам дека сите ние учиме лекција дека во иднина такви инциденти нема да се случат повеќе, потенцира Орав.
Во врска со донациите на ЕУ за Македонија, евроамбасадорот Орав појасни дека Европската унија е најголем донатор и на годишно ниво дава финансиска помош од приближно 100 милиони евра.
- Што се однесува на кризата со мигрантите, Европската комисија веќе одговори колку милиони евра и имаме дадено на вашата земја со цел да ги подготвиме институциите во вашата земја да се справуваат со такви кризи, рече Орав.
Прашан дали договорот од Пржино е се уште жив, Орав рече дека разговорите продолжуваат.
- Тоа не значи дека сите политички партии и меѓународната заедница седат зад иста маса и имаме преговори како да го решиме тој проблем. Јас знам дека политичките партии се во меѓусебен контакт и искрено се надевам дека ќе изнајдат начини како целосно да ги имплементираат сите елементи од Пржинскиот договор, потенцира Орав.
Прецизира дека веќе се гледаат некои елементи од договорот за балансирано известување на медиумите и дека има неколку чекори што се направени кон побалансирано известување на медиумите.
- Многу е добро што кај граѓаните постои интерес како да се спроведат изборите во земјата и само можам да го поздравам таквиот пристап. Сметам дека без пречистен избирачки список и без решавање на проблемот со медиумите нема да има избори. Државната изборна комисија во моментот одлично работи и сметам дека не треба да има сомнеж дека благовремено ќе ја завршат својата работа, потенцира Орав.
За протестите и контрапротестите пред Уставниот суд и можноста претседателот да ги помилува луѓето кои се обвинети за изборни нерегуларности, рече дека постојат различни пракси во земјите на ЕУ, како и во земјите кандидати за ЕУ.
- Сме дале многу критики што се однесува на состојбата на водењето на правото во извештајот на Европската комисија и за независноста на судовите. Ние не зборуваме за кривичните пријави, туку за политичкото влијание врз самите судови. Во овој конкретен случај сме забележале дека се дискутира само неколку недели од кога специјалниот обвинител поднесе кривични пријави против поранешни министри во врска со изборна измама. Јас не знам што ќе одлучи Уставниот суд, меѓутоа ако повеќе право му се даде на претседателот или на идните претседатели на оваа земја, тогаш останува на самиот претседател на државата да го искористи овој инструмент со цел да ја зајакне или да ја ослабне демократијата, потенцира Орав.
Ново на Сител
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново
-
Протест на вработените во дел од државните институции, бараат повисоки плати