Амбасадорот Стафансон во посета на општина Гостивар

Амбасадорот на Шведска во Македонија Мат Стафансон и неговиот помошник Антон Иреквист денеска во Гостивар имаа средба со Невзат Бејта, градоначалникот на општина Гостивар и потретседател на ДУИ, на која се разговарало за актуелните состојби во земјата и општината.
По средбата, беше издадено соопштение од општина Гостивар во кое се наведува дека домаќинот Бејта и гостинот Стафансон разговарале и за формирањето на новиот владин кабинет.
- Заеднички заклучок е дека владата треба да се формира што е можно побрзо со што би започнал процесот на реформи во државава, се наведува во соопштението
Градоначалникот Бејта, истакнал дека новата влада треба да се фокусира на реформите во правото, со цел сите граѓани на Република Македонија да се чувствуваат еднакви и правото да важи за сите подеднакво.
Шведскиот амбасадор се интересирал за меѓуетничките односи пред и по постигнувањето на Охридскиот договор и констатирал дека во овој поглед имало напредок, но и можност да се работи повеќе на меѓуетничките односи.
- Во иднина, било констатирано на средбата, дека треба да се има посериозен пристап во насока на подобрување на меѓуетничките односи, се заклучува во соопштението.
Посетата на шведскиот дипломат во Македонија, е дел од низата средби на дипломатски претставници во општина Гостивар.
Ново на Сител
-

Валц во СБ на ОН: Мадуро и неговиот наркокартел ќе бидат лишени од ресурси
-

Изборот на новите министри на денешната 75. седница на Собранието
-

Ќе се разгледуваат претставки од граѓани на седница на Судскиот совет
-

Пет важни одлуки и девет иницијативи на последната седница на Уставен суд за 2025
-

Врховниот суд на САД го блокираше обидот на Трамп за распоредување на Националната гарда во Чикаго
-

Папата Лав XIV повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет
-

Облачно со повремен дожд, на планините снег
-

Магла на Стража, слаб снег на Попова Шапка
