Америка се подготвува за војна со Русија и Кина: Пентагон ги засилува редовите и ги повлекува војниците од Африка
Пентагон ги намалува антитерористичките сили во Африка и разгледува дали може да спроведе слични потези во останатите делови во светот во рамки на големите напори вниманието на американската војска да се насочи кон она што Вашингтон го смета за закана, а тоа се Русија и Кина.
Во соопштение на Пентагон се наведува дека планираното намалување на Командата за Африка на американската војска за десет отсто во однос на сегашните 7.200 припадници на трупите, ќе биде спроведено во следните неколку години, но нема да се однесува на воените операции во Либија, Сомалија и Џибути, туку на држави од западниот дел на Африка.
Командата за Африка е прва регионална американска воена команда која почнува намалување на антитерористичките сили, но и останатите во Европа, на Пацификот и во другите делови од светот ја разгледуваат можноста за намалување на трупите.
Тоа е согласно желбата на министерот за одбрана Џејмс Матис вниманието на американската војска повеќе да се фокусира на потенцијален судир со Русија и Кина, а помалку на борбите против бунтовниците, како во изминатите 17 години.
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ