Американците на „црн петок“ само онлајн потрошиле девет милијарди долари

Купувањето преку интернет на „црн петок“ годинава достигна највисоко ниво од девет милијарди долари, имајќи предвид дека американските потрошувачи за време на пандемијата Ковид-19 се свртеа кон онлајн купување.
За разлика од претходните години, кога Американците ги полнеа продавниците неколку часа по Денот на благодарноста, оваа година тие одлучија да купуваат преку компјутер и телефон, со цел да ги искористат продажбите и попустите.
За време на „црниот петок“, американските потрошувачи досега трошеле 6,3 милиони долари во минута кога купувале преку интернет, или во просек по 27,5 долари од лице, покажуваат податоците на Адобе Аналитикс.
Трошоците за паметни телефони годинава се зголемиле за 25,3 проценти од минатата година на 3,6 милијарди долари, бидејќи паметните телефони сочинуваат 40 проценти од вкупната е-трговија.
Потрошувачката на купувачите на „црн петок“ годинава се зголемила за 21,6 проценти во споредба со минатата година.
Според Адобе Аналитикс, и покрај рекордите, годинашниот „црн петок“ стана втор најголем ден на трошење преку Интернет во историјата на САД, зад „кибер понеделник“ минатата година.
Се проценува дека „кибер понеделник“ годинава ќе стане денот со најголема онлајн потрошувачка во историјата.
За време на Денот на благодарноста, во четвртокот, онлајн потрошувачката се зголемила за 21,4 проценти, на рекордни 5,1 милијарда американски долари.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Планинска спасителна служба на Водно и во Кањон Матка - безбедноста на граѓаните е наша обврска
-

Носкова: Ова никогаш нема да го заборавам
-

СП 2026: Аргентинците веруваат во одбрана на титулата
-

СП 2026: Норвешка сега ја има на фудбалската карта
-

Русија тврди дека украинската армија погодила танкер во Црно Море
-

ДЗС: Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро | ФОТО
-

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам
-

Во координирана акција на ЦУК и МВР, кај Матка успешно пронајден изгубен романски државјанин
