-->
-->
Американка стана цел на потсмев поради своето име
-->
Исис Харамбе Спјут (20) од американската сојузна држава Калифорнија стана цел на брутално онлајн тормозење, откако некој ја објави нејзината возачка дозвола на социјалните мрежи.
И сето тоа само поради нејзиното име. Имено, како што сите знаат, ИСИС е англиската кратенка за џихадистичката група Исламска држава.
Родителите на девојката не се ни надевале дека тоа име ќе и донесе такви проблеми на нивната ќерка.
Но, малкумина знаат дека Исис е и име на древноегипетската божица на мајчинството и на женската природа.
-->
-->
-->