Балкан
29. March 2018 - 10:32

Aмериканската амбасада на Косово со предупредување за можен терористички напад

Американската амбасада на Косово ги предупредува своите граѓани на зголемен ризик од терористички напад во Косово, особено за време на велигденските празници. Како што е наведено на сајтот на амбасадата на САД во Приштина, американските државјани би требало да бидат внимателни во текот на случувањата поврзани со прославите на католичкиот и православниот велигден, пишува Б92.

На Американците кои доаѓаат на Косово или се веќе таму им се советува да не се истакнуваат во јавноста и да не привлекуваат внимание, да ја променат вообичаената рута на движење за да станат непредвидливи зза криминалците и терористите и кога се на јавно место да обратат внимание на излезите во случај на опасност и службите за безбедност.

Им се советува да избегнуваат јавни собирања и демонстрации и да ги следат локалните медиуми и да ги следат инструкциите од амбасадата на САД.

Ново на Сител