Американската амбасадорка побара од албанскиот Парламент да го продолжи мандатот за ветинг
Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, денеска го повика албанскиот Парламент да го продолжи мандатот за ветинг.
По средбата со амбасадорот на ОБСЕ, Дел Монако, Ким објави на Твитер дека препораките на ОБСЕ / ОДИХР треба да се спроведат.
„Се сретнав со амбасадорот на ОБСЕ во Албанија за да разговараме за голем број прашања. Се согласивме дека парламентот треба да ја усвои уставната реформа за продолжување на мандатот за проверка. Исто така, се согласуваме дека властите и партиите треба да дејствуваат во согласност со препораките на ОБСЕ / ОДИХР за изборите“, напиша амбасадорката Ким.
Владејачката Социјалистичка партија го достави до Собранието барањето за продолжување на мандатот на телата за ветинг. Социјалистите бараат мандатот што завршува во јуни 2022 година, да се продолжи до 31 декември 2024 година, односно за 2,5 години.
На ова прашање реагираше и премиерот Еди Рама, според кого продолжувањето на реформите во правосудството не е нешто за преговарање со опозицијата, туку дека тоа мора да се направи.
Според шефот на владата, продолжувањето на мандатот за ветинг е неопходност што доаѓа како резултат на процесот што покажа „колку е вреден за отстранување на тињата од правосудниот систем“.
Ново на Сител
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден