Американската армија нападна уште еден брод во источниот дел на Пацификот

Американската армија нападна уште еден брод под сомнение дека шверцува дрога во источниот дел на Тихи Океан, при што едно лице загина, потврди Јужната команда на САД (СОУТХКОМ).
На 22 декември, по наредба на министерот за одбрана Пит Хегсет, Заедничката оперативна група Јужно копје спроведе смртоносен воен напад врз брод со низок профил управуван од организација означена од САД како терористичка во меѓународни води, објави Јужната команда на Икс, додавајќи оти нема повредени американски војници.
Нападот е дел од поширока кампања наречена Операција јужно копје, за која администрацијата на претседателот Доналд Трамп тврди дека има за цел сузбивање на трговијата со дрога.
САД изминатите месеци распоредија воени сили во близина на брегот на Венецуела и извршуваат напади врз бродови за кои се верува дека се вклучени во трговија со дрога. Во исто време, Трамп постојано се заканува со можна копнена интервенција против Владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
Владата на Венецуела и Мадуро категорично негираат каква било криминална вмешаност и ги обвинуваат САД дека се обидуваат да го соборат владејачкиот режим и да ги преземат венецуелските нафтени полиња.
МИА
Ново на Сител
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
