Американски амбасадор во Косово: Курти да престане да поттикнува меѓуетнички тензии
Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер ги обвини косовските власти за поттикнување меѓуетнички тензии со неодамнешните одлуки за забрана на употребата на српскиот динар во земјата, како и со вчерашното запленување на динари и на возилото кое ги превезувало истите за исплаќање на Србите кои се корисници на социјални надоместоци од буџетот на Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во изјава што доцна синоќа ја објави на својата официјална страница на платформата „Х“, Ховениер ја изрази „длабоката загриженост“ на САД за неодамнешните постапки на Владата на Албин Курти и ја спомена можноста за укинување на американската поддршка за Косово на меѓународната арена.
– Владата на САД е длабоко загрижена поради неодамнешните постапки на Владата на Косово кои имаат директно и негативно влијание врз припадниците на српската етничка заедница и другите малцинства во Косово. Овие акции непотребно ги зголемуваат меѓуетничките тензии и како резултат на тоа ги ограничуваат опциите на САД за да служат како ефикасен застапник за Косово на меѓународната сцена, се вели во изјавата на Ховениер.
Американскиот амбасадор го спомена прашањето на затворањето на објектите на „институции со кои раководи Србија“ во Драгаш, Пеќ, Исток и Клина и на канцеларијата на невладина организација во Приштина. Тој нагласи и дека САД се загрижени поради вчерашната конфискација на српски динари и на возилото што ги превезувало средствата за распределба на исплатите од Србија.
– Очекуваме косовските власти да се погрижат лицата за кои се наменети овие социјални надоместоци истите да ги добијат без одлагање, изјави Ховениер, додавајќи дека Владата на Косово е одговорна за грижите на сите граѓани.
Тој рече дека во дијалогот меѓу Приштина и Белград треба да се вклучи и прашањето за српските структури.
– Прашањата поврзани со структурите поддржани од Србија во Косово треба да се решат преку дијалогот што го олеснува Европската унија. Исто така, го повторуваме нашето барање Косово да ја одложи имплементацијата на изменетата Регулатива на Централната банка на Косово за готовинско работење додека не се воспостават задоволителни процедури во согласност со европските стандарди и додека населението не биде доволно информирано за тоа како продолжува транзицијата на нивните придобивки, порача Ховенер.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?