Американски конгресмен предлага да се плати по 1.500 долари на секој што ќе прими вакцина против Ковид-19
Секоја вакцинирана личност во САД треба да добие по 1.500 долари на рака – ова го предложи конгресменот од Демократската партија, Џон Делејни, во интервју за Си Ен Би Си. Нашата идеја е на овој начин да поттикнеме повеќе граѓани да се вакцинираат, за да може брзо да се достигне критичниот удел на повеќе од 70 отсто од нив.
– Штом 75 отсто од жителите на земјата се вакцинираат, толку побрзо ќе го ставиме крај на Ковид-19 и се ќе се врати во нормала, рече тој.
Во исто време, демократот посочи дека на тој начин вакцинацијата ќе може да остане доброволна и нема да мора да се наложува. Ова е идејата на претседателот Трамп, кој ветува дека дозите ќе се добијат само со согласност на имунизираните.
– Ако сепак стрвавувате од вакцината и не сакате да ја примите, тоа е ваше право, рече тој.
– Тогаш нема да учествувате во програмата, потенцираше демократскиот пратеник.
Меѓутоа, таквата идеја е далеку од реализација, особено a има предвид дека двете партии во земјата не можат да се договорат за следниот пакет мерки.
Ново на Сител
-
Мерки на претпазливост за пијаниот возач кој завчера удрил девојка на пешачки – Во февруари казнети 23.844 возачи
-
Што ќе содржи обвинителната одлука за скандалот на Онкологија?
-
Апелација му скрати четири години од казната на Боки 13 за „Рекет“
-
СДСМ предлага закон за зголемување на платите
-
Левица: Плата да се исплаќа до 5ти во месецот
-
Научна конференција: Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење
-
Дневен центар за пензионери во Охрид
-
Прилепските извидници прославија 10 години