Американскиот државен секретар на својот турски колега му ја изрази загриженоста од апсењата и протестите во Турција
Американскиот државен секретар Марко Рубио му изразил загриженост на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во врска со апсењата и протестите во Турција во последните денови, објави американскиот Стејт департмент.
Британските медиуми пренесуваат дека на средбата со Фидан во Вашингтон, Рубио „го нотираше неодамнешниот напредок во билатералната трговија и го охрабри натамошното посилно економско партнерство“, рече портпаролката на Стејт департментот Тами Брус.
„Државниот секретар се сретна со турскиот колега на разговори за соработката за клучните безбедносни и трговски прашања. Рубио побара поддршка од Турција за воспоставување мир во Украина и Јужен Кавказ. Тој високо ја оцени водечката улога на Турција во Глобалната коалиција за поразување на ИСИЛ (групата Исламска држава) и повторно ја нагласи потребата од блиска соработка за поддршка на стабилна, обединета и мирна Сирија, која нема да биде ниту база за меѓународниот тероризам, ниту пат за дестабилизирачки дејствија од страна на Иран“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Ново на Сител
-
Променливо облачно, со температура до 20 степени
-
Препис од чудотворната икона на Пресвета Богородица-Скоропослушница, од Света Гора ќе пристигне во манастирот во Побожје
-
Два одделни протеста во Кочани
-
„Вашингтон пост”: Американските преговарачи надминати од Русите во преговорите за Украина, велат аналитичари
-
Бостон: Повеќе медицински сестри од исто болничко одделение добиле тумори на мозокот
-
Денвер загуби од Голден Стејт, Јокиќ постигна дабл-дабл
-
Рубио планира посета на Западен Балкан
-
Дисциплинскa постапка за двајцaта пoлициски службеници кои лажно тврделе дека возилото порше е службено