Американскиот претседател Обама во посета на Атина
Американскиот претседател Барак Обама денеска и утре престојува во посета на Атина, што е прва етапа од неговото последно патување во странство како претседател на САД.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, Обама денеска ќе се сретне со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, потоа и со премиерот Алексис Ципрас, а вечер ќе присуствува на официјална вечера што во негова чест ја приредува Павлопулос.
Американскиот претседател утре ќе го посети Партенон, а пред да замине за Берлин, ќе одржи говор во културниот центар „Ставрос Ниархос“, за кој се верува дека всушност, ќе биде обраќање кон меѓународната публика со цел да ги истакне достигнувања на неговата администрација и неговото наследство пред да замине од функцијата во јануари.
Портпаролот на грчката Влада Димитрис Цанакопулос изјави дека посетата на американскиот претседател Барак Обама на Грција е врвен настан.
- По 17 години, еден американскиот претседател ја посетува Грција. Во агендата на разговорите се грчкиот долг, прашањето за бегалците, кипарското прашање и други билатерални прашања во врска со односите меѓу САД и Грција, додаде тој.
Ново на Сител
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење