Американскиот претставник Виктоф се очекува во Москва за разговори за Украина

Се очекува специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, денеска да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, во нов обид за ставање крај на војната во Украина.
Разговорите следат по неколку состаноци меѓу американски претставници, украински и европски лидери.
Средбата е на распоредот на Путин, според неговиот портпарол Дмитриј Песков. Виткоф потврди средба со Путин денеска за американската телевизија Си-Ен-Би-Си.
Зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, повторно ќе го придружува Виткоф. Двајцата беа во Москва во декември на разговори со Путин. Во вторникот, тие разговараа со московскиот преговарач Кирил Дмитриев на маргините на Светскиот економски форум во Давос.
Вашингтон се обидува да посредува за завршување на речиси четиригодишната војна. Сепак, за фундаментални прашања како што се руските територијални претензии во Украина, позициите на Москва и Киев се далеку одвоени. Русија досега инсистираше на максимални барања.
САД разговараат со Украина и нејзините европски сојузници од една страна, и со Русија од друга страна. Во моментов нема директни преговори меѓу Москва и Киев.
МИА
Ново на Сител
-

Новите предлог закони за високо образование и за квалитетот на високото образование
-

Недостигаат современи луксузни хотели
-

За 2025 Општина Прилеп наплатила 60% од данокот на имот и 44% од комунална такса фирмарина
-

Вечерва свечено ќе бидат отворени 25. ЗОИ што ќе одржуваат од 6-22. февруари во Милано и Кортина
-

Преглед на вестите од светот
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
