Американскиот сенатор Рон Џонсон во посета на Приштина и Белград
Американскиот сенатор Рон Џонсон изјави дека САД ги поддржуваат „сите напори за стабилен мир во регионот“.
Тој ова го изјави за време на синоќешната средба во Приштин со косовскиот претседател Хашим Тачи, со кој разговараше и за дијалогот и јакнењето на мирот во регионот.
Како што е објаено на интернет страницата на косовскиот претседател, Тачи на средбата рекол дека работи на постигнување договор кој ќе има позитивни ефекти врз регионот, но оти тешко ќе се постигне.
Џонсон вчера се сретна и со косовскиот премиер Рамуш Харадинај со кого разговарал за ситуацијата во регионот.
Харадинај веста за средбата со Џонсон ја објави на својата страница на Фејсбук наведувајќи дека Приштина е заинтересирана за постигнување оптимален правно обврзувачки договор со Белград.
Американскиот сенатор денеска пристигнува во дводневна посета на Белград, кде ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ.
Џонсон е член на Надворешнополитичкиот одбор на Сенатот и претседавач на Пододборот за Европа и регионална безбедносна соработка, а претседава и со сенатскиот Одбор за внатрешна безбедност и владини работи. Тој треба да помогне во новата фаза од дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Ново на Сител
-
Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале
-
14-годишно момче избодено до смрт во Лондон
-
Пожар во куќа во Гази Баба
-
ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја: Тоа ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН и ги зголемува тензиите
-
Минатата година во Грција биле уапсени 13.000 лица за семејно насилство
-
Во Гази Баба пронајдена 43-годишна скопјанка почината
-
Началникот на царината на Украина под истрага бидејќи не пријавил куќа во вредност од над 100.000 долари
-
Во тетовско приведени девет странски државјанки при контрола на угостителски објект