Американските авио-превозници добија дозвола за прелет над територијата на Русија
– Американскиот Стејт департмент објави дека руската влада одобрила голем број барања на американските авиокомпании за летови, но некои карго и патнички авиокомпании бараат дополнителни летови. Овој месец трговската организација, која ги претставува главните американски превозници на патници и карго, побара од Стејт департментот итно да одговори на потребите на авиокомпаниите и да ги обезбеди правата за летање над рускиот воздушен простор.
Во писмото од 14 октомври, „Ерлајнс за Америка“, што ги застапува „Американ ерлајнс“, „Делта ерлајнс“, „Јунајтед ерлајнс“ и други компании, побара од државниот секретар Ентони Блинкен да интервенира, предупредувајќи дека без таква акција, нивниот бизнис ќе биде неефикасен и оптоварен и тоа би можело да ги принуди да прекинат некои летови и да ја загрозат нивната позиција на пазарот.
Претставници на Стејт департментот потврдија дека го добиле писмото вчера дека Русија ги одобрила барањата на американските превозници за прелет минатата недела. Дополнително, тие изјавија дека продолжуваат разговорите со надлежните руски власти за да се овозможат дополнителни можности во авиосообраќајот за американските авиопревозници, но министерството одби да каже колку точно летови се одобрени.
Ново на Сител
-
Изгаснати два пожари во Велес
-
Кик бокс Маи Таи Федерацијата продолжува да расте
-
ДПИ ќе реферира во вторник на Влада за состојбата со високите цени на храната, можни се мерки за нивно ограничување
-
Рама: Деновиве ќе биде блокиран ТикТок во Албанија
-
Се реконструира скверот зад ТЦ „Капитол“, проект вреден 45 милиони денари
-
Мицкоски за интерпелацијата за Судски совет: Нема како да бидат разрешени членовите, но борбата ќе биде со јавен притисок
-
48-годишен скопјанец пронајден починат во семејна куќа во Удово
-
Ким: САД се виновни за сите конфликти и крвопролевања во светот