Свет
28. February 2017 - 9:19

Американските власти конфискуваа голема количина кокаин во Суринам

Американските власти конфискуваа од брод покрај североисточните брегови на Јужна Америка најголема количина кокаин во Атлантскиот регион од 1999 година, соопшти крајбрежната стража на САД. 

Околу 4,2 тони кокаин, вреден околу 125 милиони долари, биле одземени од рибарски чамец во меѓународните води покрај Суринам. 

Бродот бил запрен и претресен на 16 февруари за време на заедничка патрола на крајбрежната стража на САД и Тринидад и Тобаго. 

Рибарскиот чамерц бил одведен до Сент Винсент, а четирите лица, кои се наоѓале во него, се одведени на американските Девствени Острови, каде против нив се покренати обвиненија.

Кокаинот бил донесен во Пуерто Рико и бил предаден на американските власти за борба против трговијата со дрога.