Американското Министерство за правда поднесе ново обвинение против Хантер Бајден

Американското Министерство за правда поднесе ново обвинение против синот на американскиот претседател Џо Бајден – Хантер Бајден, соопшти синоќа Си-Ен-Ен, повикувајќи се на свои извори.
Бајден вчера беше обвинет пред федералниот суд во Лос Анџелес за учество во четиригодишна шема за избегнување плаќање даноци во вредност од околу 1,4 милиони долари, соопшти Министерството за правда.
Хантер Бајден е обвинет за вкупно девет точки – три даночни престапи и шест даночни прекршувања – и доколку биде прогласен за виновен, може да се соочи со максимална казна од 17 години затвор.
Станува збор за даночно затајување, неплаќање даноци и поднесување лажни даночни пријави во периодот од 2016 до 2019 година.
Во октомври, Хантер Бајден се изјасни за невин по обвиненијата дека лажел дека не користел дрога додека купувал пиштол. За првпат во САД е обвинет син или ќерка на актуелен претседател.
Специјалниот обвинител Дејвид Вајс ги покрена овие обвиненија против Хантер Бајден, откако претходно предложениот договор за признавање вина беше спречен на распит од судија.
Специјалниот обвинител што го истражува Хантер Бајден работи во Лос Анџелес во последниве недели на собирање докази и сведоштва и преземање депозити од повеќе сведоци како дел од федералната истрага за деловните афери на Бајден Џуниор, објави Си-Ен-Ен минатиот месец.
Ново на Сител
-

Бахреин ги осуди иранските напади
-

Приведен 76-годишен маж од Гостивар, возел мопед без дозвола
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка
-

Почна полагањето на државната матура, годинава полагаат 14.500 ученици
-

Израелската армија уби бебе во Западен Брег
-

САД со дополнителни 38 милиони долари за борбата против епидемијата со ебола
-

Песков за односите Русија – САД: За танго потребни се двајца
-

Силјановска Давкова: Шест децении сцената на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност
