Македонија
14. February 2019 - 12:37

Американското знаме на половина копје поради автобуската трагедија

Американското знаме пред амбасадата на САД во Скопје денеска и утре ќе биде на пола копје во знак на трагичната загуба на животите по вчерашаната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово.
 
Американската амбасада изразува најдлабоко сочувство на фамилиите на лицата кои ги загубија животите во оваа несреќа и им посакува побрзо закрепнување на повредените лица.