-->
-->
AMС додели 25 милиони денари за спортските федерации
-->

Денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт беа потпишани Договорите за финансирање на спортските федерации од средствата утврдени во Законот за игрите на среќа и за забавните игри. На потпишувањето присуствуваа претставници од Фудбалската, Ракометната, Кошаркарската и Карате федерацијата на Македонија, кои изразија задоволство од третманот кој го добиваат од АМС, а во насока на развој на спортот и меѓународните активности на репрезентациите.
Директорот на АМС, Марјан Спасески потенцираше дека преку измените во Законот за игрите на среќа и за забавните игри се овозможија нови стабилни извори за финансирање на спортските федерации.
-“Денеска склучуваме договор со Ракометната федерација во износ од 5.2 милиони денари, со Кошаркарската федерација во износ од 4 милиони денари, со Фудбалската федерација за настап на младите фудбалери на ЕП во Полска во износ од 4 милиони денари и со Карате федерацијата во износ од 1.5 милиони денари, за нивните настапи на меѓународните натпревари, но и за организација на меѓународните натпреварувања, чиј домаќин ќе биде Република Македонија” – истакна Спасески и информираше дека само досега преку овој нов извор на финансирање се поддржани 42 национални спортски федерации со вкупно 52.5 милиони денари.
Во изминатиот период се склучија и Договори за распределба на редовните буџетски средства на вкупно 44 национални спортски федерации, кои ги исполниле законските услови и имале навремена и уредна апликација, а вкупната сума на доделени средства по двата основи, односно од редовните буџетски средства и од Игрите на среќа досега се доделни вкупно 91 милион денари на 50 национални спортски федерации.
-“На овој начин, убеден сум дека ќе придонесеме кон подобрување на функционирањето на спортските федерации, подобрување на резултатите на нашите селекции и секако подигнување на квалитетот на спортскиот систем во нашата земја. Новите дополнителни приходи за спортските федерации треба да бидат мотив повеќе за нивно максимално ангажирање во спортот и создавање функционален и ефективен систем” – заврши Спасески.
Задоволство од новите средства изрази и генералниот секретар на Карате федерацијата на Македонија, Зоран Ѓорѓевски кој потсети на одличните резултати на нашите каратисти на неодмана завршеното ЕП во Турција и искажа благодарност за поддршката што Македонската карате федерација ја добива од Агенцијата за млади и спорт.
-“АМС го препозна квалитето на каратистите и ваквата поддршка резултираше со врвни резултати на меѓународните натпревари, а убеден сум дека Македонското карате ќе има резултати и на Олимпиојадата во Токио” – заврши Ѓорѓевски.
Инаку, со оваа распределба на средства беа опфатени околу 40 федерации, кои добија околу 25 милиони денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СП 2026: Холандија со победа над Тунис го потврди првото место во групата
-

Најмалку 188 жртви од двата земјотреса во Венецуела, над 40.000 лица се исчезнати
-

Тошковски на официјалното затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици
-

Собранието ќе ја почне 108-та седница
-

Лов на отровната морска риба во Грција, рибарите ќе добиваат 5,33 евра за килограм
-

Во Црна Гора уапсен ирански хакер, кој ги оштетил САД за 3,4 милијарди долари
-

Зеленски: Одобрив 40-дневна операција за да ја принудиме Русија да ја заврши војната
-

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне услови за локална нестабилност
