АМС: Нови 6 милиони евра за македонскиот спорт
Како што беше напоменато на минатата средба денеска повторно во клубот на пратеници Директорот Каевски со Претставниците од владата и стручниот тим при АМС имаа можност да ги дообјаснат прашањата за системот на спортскиот Ваучерот кој стартува од идната година.
Со претставници од националните спортски федерации разговараа директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски со стручен тим при АМС, посебните советници за спорт од Владата на РМ Даниел Димевски и Ѓорѓи Тасев кои ги дефинираа аргументите за критериумите за користење на Ваучерите во спортот, како дополнителен извор за финансирање на спортот во Република Македонија во 2019 година. Целиот процес се води низ транспарентен и инклузивен пристап.
Со овој систем воведуваме нови 6 милиони евра со што значително го подигнуваме нивото за развој на квалитет и ја зголемуваме финансиската моќ на спортските клубови.
Клубовите и федерациите ќе може преку ваучер систем да обезбедат сигурен партнер во финансирањето на програмите.
Ново на Сител
-
ДУИ: Голема измама на „Вреди“ за Отворен Балкан
-
Приведен кавадарчанец по пријава дека со пиштол удирал сограѓанин
-
ЕК ги отфрли обвинувањата на Марк Цукерберг за цензура на социјалните мрежи
-
Со „опел“ удрил во столб на патарина Сопот, двајца повредени
-
Завеани македонските села во Голо Брдо – Наставата прекината
-
И покрај снегот некои градови се уште се загадени
-
Бразилки, Колумбијки и Венецуелки од 22 до 34 години уапсени во Гостивар
-
Се отвораат училиштата во Лос Анџелес и покрај пожарите кои сè уште беснеат