-->
-->
АМС: Прием на таеквондо репрезентацијата
-->

Во просториите на Агенцијата за млади и спорт, Директорот Марјан Спасески денеска организираше прием за македонската таеквондо репрезентација која на неодамна завршениот по ранг највисок турнир во Олимписко таеквондо постигна одличен резултат.
На еден од трите најсилни турнири во Eвропа со ранг Г1 македонските натпреварувачи освоија злато и сребро.
Дејан Георгиевски во категорија +78 кг (јуниори) освои златен медал со три победи, сите три со технички нокаут, додека Филип Додевски во категорија -74 (јуниори) со три победи стигна до сребрен медал.
- Ја користам оваа прилика уште еднаш да им честитам на репрезентативците за големиот успех и им порачувам да продолжат со вакви настапи и да ја радуваат македонската спортска јавност, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.
Тој истакна дека резултатите на нашите натпреварувачи покажуваат и докажуваат дека таеквондото во нашата земја е во голем подем и допрва ќе очекуваме уште поголеми резултати на меѓународната спортска сцена, од страна на нашите репрезентативци.
Спасески дополни дека Агенцијата за млади и спорт во континуитет дава поддршка на Таеквондо федерацијата на Македонија, а годинава за меѓународната програма, односно за настапите на нашите репрезентативци на меѓународните натпреварувања и за стручната работа на тренерите се доделени вкупно 750.000 денари.
- Дополнително, за реализација на проектот „Таеквондо за секого“ и годинава обезбедивме 40.000 денари, заврши Спасески.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Загадувањето не се решава преку ноќ, дислокација е само еден од сегментите
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Инспекторатот за употребата на македонски јазик се уште нема инспектори
-

Здружението „Бадникови поворки“ ја објави програмата за бадниковата манифестација
-

Мицкоски: Дислокација на „Усје“ не е проблем за Владата
-

ПАП и ехо не смее да се наплатува - Фондот за здравство и УЈП казни половина од контролираните матични гинеколози
-

Филипче тврди во 2026 не’ чека криза, Мицкоски вели граѓаните да се спокојни
-

Ако бадентерот влезе во Уставен, граѓаните да заборават на правна држава, а власта да го затвори судот
