-->
-->
АМС вети помош во реализацијата на ваучерите
-->
Голем број спортски здруженија и клубови кои добија финансиски средба според ваучер системот на АМС и Владата на РМ имаат потешкотии во обезбедувањето на фирми кои ќе им ги исплатат средствата поради намалените уплати од данокот на добивка или пренамената на овие средства според одлуките на македонската влада се помогнат фирмите во услови на пандемија.
Директорот на АМС , Дарко Каевски на денешната прес конференција во владата ја образложи помошта за клубовите и спортистите но објасни дека функционирањето на спортските ваучери нема да престане:
„Ваучерите продолжуваат да важат, односно продолжуваат да бидат проект кој вистински ќе ги сервисира потребите на спортските клубови и на федерациите. Јасно ни е дека поради кризата со која се соочуваме ќе се намали и потенцијалот на искористеност на оваа мерка, односно данокот на добивка кои ќе го плаќаат компаниите. Поради тоа, јас со целиот тим на АМС, како и Владата по завршувањето на кризата заедно ќе го вложиме сиот свој капацитет за реализација на спортскиот ваучер, слична како и кон крајот на минатата година, сѐ со цел што е можно поголем капацитет од оваа мерка да биде проследен кај тие за кои и е наменета – спортистите. Секако, како можност за остварување на нашата крајна цел, а тоа е подигнување на спортот на повисоко нив“, изјави Каевски.
Најдобро решение за спортските ваучери, сметаат од спортските клубови и здруженија е АМС да ги исплати финансиските средства кои секако од данокот на добивка фирмите ги уплаќаат на државна сметка.
Останува да се види какво ќе биде решението за овој горлив проблем бидејќи поголемиот дел од спортските ваучери остануваат нереализирани бидејќи поголемиот дел од клубовите и спортските здруженија не успеваат да остварат соработка со фирмите кои остваруваат данок на добивка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изложба на Чатмов во Чифте амам
-
СДСМ: Зошто четири недели по трагедијата во Кочани се уште нема проширување на истргата?
-
Потопло време во наредните денови
-
Од 1001 сообраќајни прекршоци вчера на територија на цела држава, 178 ги направиле пешаците
-
Спречен шверц на облека и обувки во заедничка акција на македонска и косовската гранична полиција
-
Приведен кумановец, следел и вознемирувал 27-годишна девојка
-
Спасувањето на мечката во Брајчино - драма во планина, храброст на дел
-
Кумановец возел со 1,85 промили алкохол во крвта и удрил во две моторни возила