АНА-МПА: Меркел во сабота во Скопје

Канцеларката Ангела Меркел во сабота ќе оствари посета на Скопје, соопшти пред малку нејзиниот портпарол Штефен Зајберт, објави грчката новинска агенција АНА –МПА.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во кусиот текст, АНА-МПА пренесува изјава на портпаролот на канцеларката, кој вели дека Меркел сака на самото место да формира впечаток во пресрет на референдумот.

- Уште се работи на програмата, но можам да ви кажам дека канцеларката ќе се сретне со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, изјави Зајберт и додаде дека во фокусот на средбата ќе бидат „регионалните случувања, билатерални теми“, додека пак госпоѓата Меркел „секако сака самата на лице место да формира впечаток во пресрет на референдумот за прашањето за името на земјата, кој што ќе се одржи на крајот од месецот“, пренесува грчката новинска агенција.
Ново на Сител
-

Алиу: Да ги почекаме институциите
-

Полицијата во акција против пиротехника
-

Одбележани 6 години Интервентна полиција
-

Преглед на вестите од светот
-

Измени на Кривичниот законик за членот 353 – построги казни, но и враќање на старите одредби
-

Ресоцијализација преку учење занает: Жени осуденички шијат во текстилна работилница во Идризово
-

Тема на денот со Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
-

Уапсен Бујар Дардишта, поранешен директор од ДУИ
