Џет-Сет
7. August 2017 - 14:24

Ана Николиќ со ќеркичката излезе од породилиштето

По пејачката и малата Тара дојдоа Раста, мајката на Ана, Милиана и братот Марко.

Ана Николиќ, која се породи во четвртокот на 3 август, и на свет ја донесе ќеркичката Тара, денеска со своите најблиски излезе од GAG Народен фронт породилиштето.

На крајот, моментот кој сите го чекаа од утрото, е кога излезе Ана Николиќ и Раста со нивната штотуку родена ќеркичка Тара.

„Се чувствувам сјајно, возбудена и среќна. Сакам да им се заблагодарам на сите сестри и лекари од „Народен фронт“, беа прекрасни, и навистина имам сјајно искуство“, изјави Ана.

Ана Николиќ и Раста не сакаа да ја покажат ќеркичката, но по неколку минути расположено позираа пред објективот на камерите…