Македонија
21. December 2022 - 21:17

Анализа - Дали е оправдано зголемување на буџетот за одбрана за една третина?

Македонија го подига буџетот за одбраната за една третина. Премиерот Киовачевски и министерката Петровска најавија дека планираните финансии за следната година ќе придонесат за развој и модернизирање согласно со НАТО стандардите, а ќе овозможат и продолжување на инвестициите во луѓето и армиската опрема.

За воениот аналитичар, Благоја Марковски буџетот е реален и ги задоволува неопходните потреби за развој на Армијата. 

За опрема и модернизација ќе се издвојат 33% од буџетот на Министерството за одбрана, односно речиси 90 милиони евра.

Со 1,85% од бруто домашниот производ наменети за одбраната, Македонија спаѓа меѓу платежно најспособните земји членки на НАТО, пред Бугарија, Холандија, Норвешка, Унгарија, Италија, Германија, Канада и Турција.