Loading Video...
Македонија
1. March 2025 - 16:56

Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција

Јавната караница на Трамп и Зеленски го покажа тоа што редовно се случува зад затворени врати кога се решаваат клучни стратешки прашања, особено кога залогот е светскиот мир. Македонските дипломати анализираат дека украинскиот претседател деумно и сам го испровоцирал Трамп, кој пак, ја искористи можноста да разговара од позиција на моќ.

Тие велат дека иако настапот делувал скандалозно, емотивно, разочарувачки за државниците сепак, за обичните луѓе бил импресивен. Амбасадорите децидни дека сепак Зеленски ќе се врати во Вашингтон, бидејќи друга опција за Украина нема.

Дипломатите велат дека во овој контекст Македонија добро се позиционирала и треба да води надворешна политика исклучиво водена од нашите интереси.

Амабасадорите оценуваат дека наредните две недели ќе бидат клучни за Украина, а прво што треба да се очекува е утрешниот европски состанок во Велика Британија.