Анчелоти: Првенството е предолго за да се мисли дека се е готово
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти одговараше на новинарски прашања за освојување на титулата во шпанската Ла Лига по победата од 3:0 над Ваљадолид во натпревар од 21. коло.
Тимот предводен од италијанскиот стручњак веќе има 4 бода предност пред второпласираниот Атлетико Мадрид.
-Треба да одржуваме рамнотежа. Првенството е предолго за да се мисли дека се е готово. Сега имаме мала предност и се надеваме дека ќе ја искористиме.Важно е да освојуваме бодови, мора да се бориме за победа на секој натпревар. Можеби мислите дека натпреварот беше лесен, но тоа не беше така за нас. Тимот одигра добро, не брзавме да ги форсираме работите, а штом го отворивме резултатот, играта беше полесна од вообичаено. Добивме импулс. Мора да продолжиме и да ги исправаме недостатоците кои ги покажувавме во минатото, изјави Анчелоти.
Селекторот го прокоментира и првиот „хет-трик“ на Килијан Мбапе со тимот на клубот.
-Мбапе ни дава многу во нападот. Од меч по меч е се посилен и јасно е дека тоа е плус за нас, истакна Италијанецот.
Во однос на дефанзивецот Давид Алаба, порача дека е се поблиску до тоа повторно да биде стартер.
Ново на Сител
-
Без вода утре дел од Карпош, струја ќе немаат делови од Аеродром, Зелениково и Сопиште
-
Истополовите машки парови во Грција законски немаат право да добијат дете со помош на сурогат мајка
-
Во Русија се спроведува нова мобилизација, најголема во последните 14 години
-
Србија и Црна Гора ќе поднесат заедничка кандидатура за домаќини на машкото ЕП во одбојка
-
Стејт департмент: Трамп ја отфрли идејата за странска управа во Украина
-
Лишен од слобода возачот кој со возило удри велосипедист во Скопје
-
УНИЦЕФ: Најмалку 322 деца наводно убиени во Газа по прекинот на огнот
-
Кривична за 10 припадници на ЕБР за злоупотреба на службена положба и овластување