-->
-->
Анчелоти: Се што е убаво има крај
-->

Карло Анчелоти потврди дека ќе седне на клупата на бразилската репрезентација.
Првиот ден на славниот Италијанец на работа ќе биде 26 мај, денот по завршувањето на сезоната со Реал Мадрид.
Во својот втор престој во кралскиот клуб од 2021 година, тој освои две Лиги на шампиони, а двапати беше и национален шампион.
-Како и сè во животот, така и ова има свој крај. Уживав во Мадрид. Секогаш ќе го сакам Реал, како што тие ме сакаат мене. Нема потреба да се прави драма од ова. Животот продолжува, рече популарниот Дон Карло.
Ова ќе биде прва работа на Анчелоти како селектор во неговата кариера. Тој ќе заработува 10 милиони евра годишно, а доколку го освои Светското првенство во 2026 година, ќе инкасира дополнителни пет милиони.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови комунални возила
-

Избран изведувач за затворање на депонијата Буково
-

Пожарот во лакавичко изгаснат, но остануваат последиците
-

Преглед на вестите од светот
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
