Анчелоти за Супер лигата: Мислев дека се шегуваат
Тренерот на англискиот прволигаш Евертон, Италијанецот Карло Анчелоти, оцени дека идејата за формирање европска фудбалска Супер лига е утопија, истакнувајќи дека проектот се темели на вредностите на американското општество, кои се различни од европските.
– Мојата прва реакција кога слушнав за идејата беше дека тие мора да се шегуваат, бидејќи таков проект едноставно не може да заживее во Европа, изјави Анчелоти.
– Спортската култура во Европа е различна од американските спортови и тука не станува збор за тоа дека ние сме во право, а тие грешат, туку во прашање е самата култура на луѓето. Во САД спортот е поинаков и претставува забава, додека ние во Европа живееме со повеќе страст. Уште додека растеме како деца сакаме да победуваме. Растеме на поинаков начин, додаде италијанскиот стратег на клупата на Евертон.
Анчелоти, кој во минатото беше предводник на четири од 12. основачи на Супер лигата – Милан, Реал Мадрид, Челзи и Јувентус, рече дека иницијаторите на проектот направиле голема грешка.
– Фудбалот пред сè е спорт. Потоа доаѓаат инвестициите и бизнисот. Секако, треба да ги имаме предвид и двете страни. Но, за секој приврзаник на фудбалот, тоа беше чуден ден. Слушавме за Супер лига во последните неколку месеци, но бев сигурен дека тоа нема да се случи. Тие 12. клубови направија грешка, бидејќи не ги зедоа предвид мислењата на играчите, тренерите или навивачите, додаде Анчелоти.
Ново на Сител
-
Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9
-
„Џо, отпуштен си“ - објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации
-
Најмлад до 1.000 тројки во НБА: Едвардс го собори рекордот на Букер
-
Хорнер останува во Ред Бул до 2030 година
-
Енрике го продолжи договорот со Пари Сен Жермен